Роналдо го повреди коленото на тренинг - Реал без Португалецот со Борусија Дортмунд

Кристијано Роналдо ќе го пропушти вториот меч со Борусија Дортмунд во рамките на ЛШ откако Португалецот го повреди коленото на тренинг при што беше приморан да паузира и на мечот против Реал Сосиедад во саботата. 

Иако Реал Мадрид славеше во првиот меч против Борусија Дортмунд со 3:0, Германците сигурно нема да се предадат, па евентуалното неиграње на Роналдо ќе значи потешка задача за „Кралевите“.

Анчелоти во неделата изјави дека нема да ризикува со својот најдобар играч и нема да настапи доколку не биде стопроценти подготвен.

08.04.2014 - 14:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега