Продолжува дијалогот помеѓу Дачиќ и Тачи

Премиерите на Србија и Косово, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи синоќа и по шестчасовните одвоени и заеднички разговори во Брисел со високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Кетрин Ештон, не успеаја да постигнат договор.

Разговорите ќе продолжат денеска во 11 часот.

Синоќа по завршувањето на трилатералниот состанок, ниту Ештон, ниту Дачиќ, ниту Тачи не дадоа изјава.

Инаку, доколку до крајот на оваа недела не биде постигнат договор за имплементација на Спогодбата од 19 април, Србија на јунскиот Самит на Европскиот совет најверојатно нема да добие датум за почеток на пристапните преговори.

најчитано сега