Мртов маж пронајден во напуштена куќа во Велес

Труп на маж вчера е пронајден в напуштена куќа на влезот од Велес. Станува збор за половина урната куќа на железничкиот премин на патот кон селото Дурутовец. Спроед изјавите на очевидци целто место било оградено со полициска лента а увидни екипи облечени во бели одела го пребаруваат теренот за докази.

Велшката полиција не дава многу детали за настанот.

- Вчера околу 19 часот информирани сме дека е пронајден машки леш во близина на отпадот Еко Кулев, на патот кон Дурутовец. Нашите екипи работат на идентификување на телото, кое е предадено на обдукција - рече Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.

12.04.2014 - 20:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега