Гранада го однесе Реал Мадрид на врвот во Ла Лига

Шпанскиот тим Реал Мадрид го презеде водството во Шпанската Ла лига по изненадувачкиот пораз на Барселона, по што сега „кралевите“ имаат еден бод повеќе пред двајцата конкуренти за шампионската титула. 

„Кралскиот клуб вчера славеше голема победа од 4:0 над Алмерија, а за триумфот се погрижија Анхел ди Мариа, Герет Бејл, Иско и Алваро Мората.

Каталонците минимално со 1:0 загубија на гостувањето во Гранада. Единствениот погодок на мечот кој може да се покаже решавачки во борбата за титулата го постигна Јасин Браними во 16.минута.
 
Резултати на другите три завршени средби од 33.коло на Примера Дивизија: Осасуна – Ваљадолид 0:0, Селта Виго – Сосиедад 2:2 и Виљареал – Леванте 1:0.
 
Денеска играат: Бетис – Севиља, Валенсија – Елче, Хетафе – Атлетико Мадрид и Еспањол – Рајо Ваљекано.
 
Колото ќе биде комплетирано утре со натпреварот Атлетико Билбао – Малага.  
 
Табела: Атлетико Мадрид 79 бодови (32 натпревари), Реал Мадрид 79 (33), Барселона 78 (33), Атлетик Билбао 59 (32), Севиља 53 (32), Виљареал 52 (33), Сосиедад 51 (33)

13.04.2014 - 11:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега