Стравична несреќа: Седумгодишно детенце се бори за живот на скопските клиники

Автомобил „Мерцедес“ вчера прегази седумгодишно детенце од Тетово, пишува Утрински весник.

Според информациите на весникот, детето го туркало својот велосипед по регионалниот пат Тетово - Јажинце, кога на него налетал „Мерцедесот“ со тетовски регистрации. 

Возачот на „Мерцедесот“ го зел детето и веднаш го однел во тетовската клиничка болница. Оттаму момчето било пренесено на скопските клиники. Според Утрински, детето заработило тешки повреди. 

 

13.04.2014 - 17:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега