Антиќ ќе игра во плеј офот

Македонскиот центар Перо Антиќ вчера со тимот на Атланта успеа да го совлада актуелниот шампион во НБА лигата тимот на Мајами со 98:85 и да обезбеди плеј-офот во НБА лигата. 

Покрај Атланта, во плеј-офот ќе игра и тимот на Далас откако и двете екипи успеаа да обезбедат пласман во разигрувањето за титулата по ноќешните победи над своите противници. 

Атланта птриумфираше на домашен терен, со 98:85 додека Далас во директен судир со конкурентот за плеј офот Феникс триумфираше со 101:98.

Антиќ не мечот го проследи на клупа, додека најефикасен во победничкиот тим беше Џефи Тиг со 25 поени. Леброн Џејмс со 27 и Двејн Вејд со 24 поени беа најефикасни во тимот на Мајами, но тоа не беше доволно да се избегне поразот.

Резултати на ноќешните дуели од НБА лигата: ЛА Клиперс – Сакраменто 117:101, Шарлот – Филаделфија 111:105, Вашингтон – Милвоки 104:91, Атланта – Мајами 98:85, Кливленд – Бостон 99:111, Хјустон – Њу Орлеанс 111:104, Далас – Феникс 101:98 и Денвер – Јута 101:94.

14.04.2014 - 09:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега