Заев ја губи Струмица

Лидерот на СДСМ Зоран Заев е на пат да ја загуби општина Струмица. Резултатите во првиот круг од претседателските избори покажуваат дека кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски победил со само 1.361 глас разлика. Пендаровски на вчерашното гласање освоил 15.118 гласа а за Ѓорге Иванов гласале 13.827 граѓани на општина Струмица. Изразено во проценти, за Пендаровски гласале 31.32% од вкупниот број на гласачи во општината а за Иванов 28.65%. Интересно е што кандидатот на СДСМ ги загубил изборите во 27 избирачки места од вкупно сумдесетина колку што брои општина Струмица.

На изборите за градоначалник во 2013 година, Заев го победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Васил Пишев во првиот круг со освоени 19.122 гласови. Пишев тогаш освои 17.003 гласа а разликата беше 2119 гласови.

14.04.2014 - 22:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа