"Дајте ги сите пари" - вооружени со пиштоли ограбиле казино во Велес

Околу три часот и 35 минути на улицата „8-ми Септември“ во Велес две засега непознати маскирани лица вооружени со пиштоли влегле во казиното „Адмирал“ и извршиле разбојништво над вработените.

Според податоците од полицијата, крадците со закана на вработените им одзеле 83.120 денари, по што побегнале од местото на настанот.

Полицијата работи на случајот.

 

15.04.2014 - 11:54
Фото: 
Региони.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега