Тројца гостиварчани преживеале хорор среде улица - еве ги деталите

Гостиварчани си заработија кривична пријава поради разбојништво. Се работи за 34-годишниот С.М. и 27-годишниот В.Х. кои пред неколку денови во Гостивар на улицата „Бањешница“, маскирани и  вооружени извршиле разбојништво над три лица.

Насилниците најпрвин физички ги нападнале трите лица, одземајќи им разновиден златен накит, пари, и два мобилни телефони во вредност од околу 30.000 евра.

Полицијата работи на расветлување на случајот.

15.04.2014 - 12:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега