Објавен тендерот за пругата Битола-Кременица

Европската унија денеска го објави тендерот за градежни работи за реконструкција на железничката пруга Битола-Кременица, инвестиција од 20 милиони евра која опфаќа обнова на пругата кон Грција со должина од 17 километри, како и изградба на кракот кон индустриската зона Жабени во близина на Битола.

Компаниите кои ќе учествуваат мора да имаат гаранција од 300.000 евра, а онаа што ќе го добие тендерот треба да достави и гаранција во висина од 10 проценти од вредноста на инвестицијата.

На тендерот можат да се јават компании кои во последните три години имале добивка од најмалку 26 милиони евра, а мора да имаат успешно завршено барем една реконструкција или изградба на пруга по која возовите се движат со брзина од 100 километри на час. Вредноста на завршената работа треба да изнесува најмалку 20 милиони евра.

Тендерот е отворен до 27 мај.

15.04.2014 - 13:36
Фото: 
Фактор.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега