Крвав вторник: Жена загина во страотна сообраќајка на излезот од Битола

Уште една страотна сообраќајна несреќа ја потресе Македонија. Една жена загина, а неколку лица тешко се повредени во тешка сообраќајна несреќа што денеска се случи на излезот од Битола во правец кон Охрид кога дошло до директен судир помеѓу патничко моторно возило марка „Форд-ескорт“ со битолски регистерски таблици и патничко моторно возило марка „Тико“ со охридски регистерски таблици.

Несреќата се случила во 13 часот и 10 минути На местото на несреќата почина едно лице, а останатите лица се пренесени во медицинскиот центар „Д-р Трифун Пановски“ во Битола. 

15.04.2014 - 15:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега