Седумгодишно девојче загина во сообраќајката кај Битола- сестра и се бори за живот

Девојче на возраст од околу 7 години и покрај обидите за реанимација го загуби животот по тешката сообраќајна несреќа која попладнево се случи кај Битола. Нејзината мајка почина на лице место.

Ова се најновите информации поврзани со сообраќајната несреќа во која дошло до директен судир меѓу битолски „Форд ескорт“ во кој биле татко и син и „Тико“ со охридски регистарски таблички во кој се наоѓале мајката и нејзините две ќерки.

Жената, чиј идентитет како и идентитетот на нејзините две ќерки се уште не е познат, почина на лице место, додека нејзиното 7 годишно девојче и покрај лекарските обиди за реанимација, не ги преживеало повредите.

Втората ќерка се наоѓа на интензивна нега, додека 66-годишниот битолчанец В.А. и неговиот син С.А. (44) се со тешки повреди, но не се наоѓаат во животна опасност.

Од СВР Битола информираат дека по извршениот увид, сообраќајот е нормализиран.

15.04.2014 - 17:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа