Годишно собрание на Македонско-бугарската стопанска комора

Македонско-бугарската стопанска комора денеска ќе одржи Годишно собрание на кое дел од тематиките ќе бидат двете приоритетни иницијативи на МБСК - организирање два бизниси - експо форума за кредитирање на извозно ориентираните компании од двете држави, како и формирање заеднички инвестициски фонд за стимулирање на балкански продукт во освојувањето трети пазари.

Првиот регионален собир со учество на локалните власти од меѓуграничните региони, информираат од МБСК, ќе се одржи кон крајот на јуни во Штип.

Во партнерство со Бугарската трговско-индустриска комора која застапува интереси на неколку илјади фирми од Бугарија, во Софија кон крајот на октомври ќе се организира деловна презентација на сите идеи за зголемување на билатералната економската размена и заеднички настап на пазарите на ЕУ.

Македонско-бугарската стопанска комора, како што се наведува, иницирала посеопфатна соработка на двете државни банки за кредитирање чии финансиски продукти треба да бидат презентирани на бизнис средбата во Штип. 

16.04.2014 - 10:10
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега