Лекарите даваат се од себе да ја спасат тинејџерката од сообраќајката на излезот од Битола

Хирурзите и анастезиолозите од Клиничката болница во Битола по неколку часовни интервенции успеаја да ја стабилизираат состојбата на 16 годишното девојче И.К од Ресен, кое вчера тешко беше повредено во тешката сообраќајна несреќа пред Битола.

Како што пишува Нова Македонија, по неуспешното реанимирање на шестгодишното девојченце кое за жал им подлегна на повредите, лекарите даваат се од себе за да ја спасат нејзината сестра, 16-годишната И.К. која има тешки телесни повреди, контузија на мозокот, белодробните крила, панкреасот како и фрактура на карлицата. По неколкучасовната операција, состојбата се стабилизирала, но денеска и понатаму е критична. 

Останатите двајца пациенти,  таткото и синот В.Н(66) и С.Н(44)  поинтервенцијата на лекарите се во добра здравствена  состојба и се наоѓаат надвор од животна опасност.

За потсетување, несреќата се случи на патот  Битола - Ресен, кога се судрија  две патнички возила марка “ тико “ со охридски регистерски таблички и “форд ескорд” со битолски регистерски таблички.

16.04.2014 - 11:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега