ВИДЕО: Ова е владиниот службеник кој вчера го уапси македонската полиција

Триесет и три годишен скопјанец вработен владината Агенција за финансиска поддршка за земјоделство и рурален развој е осомничен дека барал поткуп од 200 евра за да посредува лице преку ИПАРД програмата да добие субвенции за купување трактор.

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, рече дека откако службеникот бил пријавен, полицијата веднаш делувалаи   случајот е реализиран вчера, а службеното лице е фатено со технички обработени пари.

-Вчера околу 20:00 часот осомниченото службено лице остварило средба во угостителски објект во Аеродром со оштетениот кој го пријавил случајот и покрај документацијата ги примил и парите во вредност од 200 евра. Кај него врз основа на судска наредба е извршен личен претрес и најдени се четири банкноти во апоени од по 50 евра, кои се претходно технички обработени, истакна Јанкулоска.

По претресот во неговиот стан во скопски Аеродром, пронајдена е разна службена документација која е одземена, а на службеникот му е одреден 8-дневен притвор.

Јанкулоска истакна дека од 2006 година наваму полицијата регистрирала околу 50 случаи во кои над 450 службени лица биле опфатени во акциите на МВР.

 

16.04.2014 - 12:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа