"Пали таксито и носи не во Скопје" - го расекле со нож зошто не им направил услуга

На автобуска станица во Куманово синоќа околу 20 часот и 45 минути се одвивала вистинска драма кога двајца насилници, од кои едниот малолетник, нападнале постар кумановчанец.

Според податоците од полицијата, 17-годишниот С.Р. и 41-годишниот А.Р. од Скопје побарале такси услуга од 40-годишниот Г.К. од Куманово кој одбил да им направи услуга, па настанала расправија која завршила крваво откако двајцата скопјани со нож му нанеле расекотина во пределот на левата подлактица на кумановчанецот.

С.Р. и А.Р. се приведени и против истите ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за делото кое го направиле.

16.04.2014 - 12:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега