„Вриело" од Албанки со нерегуларен престој во Гостивар

Во периодот 05 до 09 часот полицијата во Гостивар спроведе акциска контрола за откривање странски државјани кои непријавено престојуваат и работат на подрачјето.

Во акцијата, реализирана во Гостивар и Србиново, затекнати се вкупно 12 државјани од Република Албанија, кои непријавено престојувале или илегално влегле во нашата земја. По приведувањето, тие се  предадени за натамошна постапка во гостиварскиот Отсек за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија.

16.04.2014 - 12:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега