Груевски му одговори на Заев: Монтажите не поминуваат

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на македонската влада вечерва на митнгот од Прилеп одговори на обвинувањата на Зае. Груевски рече дека СДСМ по катастрофата на 13 април ја менува тактиката и во недосаток на проекти и паника од извесниот тежок пораз, стартува црна камапња.

„Ќе не правеле криминалци ќе не правеле лопови ќе монтирале ќе ваделе документи. Сме ги трпеле многу,  ќе ги истрпиме уште малку По 27ми април Бранко ќе го фати Заев за кошула позади и ќе му удри една клоца и ќе го фрли на улица. Погледнете му ја физономијата овие денови. Погледнете како изгледа трауматизиран, растревожен. Таков израз на лицето, да му го погледнете изразот  и да го споредите со сликите од пред изборите ќе ви стане јасно. Пуштете едно видео без тон од пред изборите се ќе ви стане јасно. И него му е се јасно, јасно му е дека 450.000 луѓе излегоа да гласаат, и тоа со здаволство да гласат. Него му е јасно дека на 27 разлиакта ќе биде утше поголема. Јасно му е дека сме на чекор до 62 пратеници. Само малку ни фали за да дојдеме до 62 пратеници. Јасно му е што го чека во СДСМ потоа, по 27 прил. Затоа е таа нервоза, затоа влегува во ново сценарио, на клеветење, на монтирање на манипулирање.“ - рече Груевски вчерва на митингот во Прилеп 

Груевски Заев го спореди со грогиран боксер, а СДСМ со партија пред стечај, која на 27 април ќе биде ликвидирана.

„Сме издржале многу па ќе го издржиме и ова. Уште малку. На 27ми ќе му одговорат граѓаните. Деновиве е како грогиран боксер. Како некој кој доживеал 3-4 неокдауни, па сега гледа со некој нечист удар ако може да го победи противникот. Во сите такви случаи, бокс мечевите завршуаат со таков класичен нокаут каков што не можете да замислите. А тој ќе стигне на 27 април“ - рече Груевски

16.04.2014 - 22:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа