Денеска остварена средба меѓу Греувски и Тачи - разговори за можна соработка по изборите?

Престојните парламентарни избори и можната соработка по нив било тема на денешната средба меѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и на ДПА, Мендух Тачи, јавува Дневник. Информацијата за весникот ја потврдиле високи партиски функционери од албанската опозициска партија кои брифирале дека Тачи го информирал Груевски за притисокот кој ДУИ го вршел врз граѓаните на претседателските избори и побарал демократска атмосфера на 27 април

- Претседателот на ДПА го информира Груевски дека во првиот круг од претседателските избори ДУИ вршела терор врз гласачите-Албанци и со тоа целосно бил нарушен демократскиот кредибилитет на изборите. Тачи му ги претставил на Груевски сите аргументи за притисоците што биле вршени врз Албанците на денот на гласањето. Тој побарал од премиерот одговорно да дејствува на парламентарните избори за да не дојде до целосно нарушување на демократските процеси и на претстојните избори на 27 април - вели функционерот на ДПА за Дневник

Тој за весникот додава дека двајцата лидери разговарале и за можната соработка по изборите но не открива повеќе детали. Од Тетово за Дневник велат дека Груевски се обврзал дека на 27 април ќе дејствуваат сите механизми на државата. Информацијата добила потврда и од ВМРО-ДПМНЕ од каде брифираат дека била по барање на Тачи кои инсистирал на гаранции за демократски избори, а Греувски ветил дека тоа е приоритет на државта.

16.04.2014 - 23:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега