Вечерва фудбал во Скопје нема да има - финалето дефинитивно прекинато

Финалето од македонскиот фудбласки Куп нема да се одигра денеска. Поради прекршување на навивачкиот кодекс, Комисијата за безбедност при Фудбалската федерација на Македонија во консултации со полицијата и раководствата на Тетекс и Шкендија донесе конечна одлука, финалето од фудбалскиот Куп да се одигра во друг термин.
Поради недлично навивање судијата Александар Ставрев за само 30 минути по втор пат ги испати играчите во соблекувалните. Навивачите на Шкенија скандираат „УЧК“ и свиреа при интонирањето на македонската национална химна пред почетокот на натпреварот. Не останаа должни ни навивачите на Тетекс, поуларните Војводи кои поддржани од нивната збратимена навивачка група, Комити, возвратија на провокациите. Натпреварот во моментов е во прекин и не се знае кога ќе продолжи

најчитано сега