Директен лет Скопје-Рим од 2 мај

Од 2 мај дирекно ќе можеме да патуваме со авион до Рим (аеродром Фјумичино), со помош на авиокомпанијата „Алиталиа“.

Летовите  ќе бидат секојдневни и ќе се одвиваат со авиони Ембраер Е-175. Во мај ќе се работи со редуциран распоред со 30 повратни летови Рим – Скопје - Рим, а од јуни целосен распоред со секојдневно летање.

Од 1 јуни од Скопје авионите на „Алиталиа“ ќе полетуваат во 05:30 часот со пристигање на Фјумичино, Рим, во 07:20 часот (во понеделник, вторник, петок и сабота), како и во 17:05 со пристигање во Рим во 18:55 (во вторник, среда и сабота). Од друга страна, летовите од Рим ќе бидат во 21:30 часот со пристигање во Скопје во 23:20 часот (во понеделник, четврток, петок и недела) и во 14:35 часот со пристигање во Скопје во 16:25 часот (во вторник, среда и сабота).

„Алиталиа“ го назначи ВАС Тур Оператор ДОО Скопје, како генерален агент за територијата на Македонија, кој ќе нуди информации, резервации и авиобилети.

17.04.2014 - 10:51
Фото: 
сарма.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега