Ги претепале зошто сакала да ја види мајка си - крвава драма во Тетово

49-годишниот тетовчанец К.А. си заработи кривична за учество во тепачка, заедно со 24-годишниот А.Ф. и 22-годишниот Б.Ф  исто така од Тетово.

Околу 20 часот, првопријавениот со неговата малолетна ќерка поминувал пред куќата на Н.Ф. во Теарце, а тогаш таа посакала да се  види со нејзината мајка, која живеела со Н.Ф.. Во тој момент излегле синовите на Н.Ф., кои започнале расправија, а потоа и тепачка со К.А. при што со метални предмети му нанеле тешки телесни повреди.

 К.А. е пренесен во Клинички центар Тетово, а оттаму поради сериозноста на повредите е префрлен во Клинички центар Скопје.

17.04.2014 - 12:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега