Трагедија: Пронајдени мртви двајцата работници кои паднаа во Вардар

Екипите ги пронајдоа телата на двајцата работници кои утрово додека работеа на мост паднаа во реката Вардар.

За жал, безживотните тела на Трајан Божиновски и Драган Стефановски биле пронајдени во 14 часот и 30 минути. Работниците на Македонски железници, изведувале градежни работи на железничкиот мост на реката Вардар кај Долно Лисиче кога ги проголтала реката.

Полицијата врши увид.

17.04.2014 - 15:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега