Трагедија: Велешанец загина во крвава сообраќајка

52 годишниот Орце А. од Велес, утринава загинал во страотна сообраќајка која се случила на улицата „8. Септември“ во Велес.

Според информациите од полицијата, несреќата се случила утрово околу 4:20 часот, кога автомобил „БМВ“ зад чиј волан бил 21 годишниот Е.Б. директно се судрил со „Сеат Ибица“ која ја возел велешанецот.

Орце починал на лице место. Полицијата извршила увид на местото на несреќата.

 

 

18.04.2014 - 10:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега