Сам си пукал во стомак - полицаец се бори за живот на скопскиот Ургентен

Полициски службеник од населбата Чашка се бори за живот, откако самиот се застрелал во стомакот, пишува „Утрински весник“. Според информациите на весникот, 55 годишниот полицаец се застрелал додека си ја чистел пушката.

Полицаецот бил пренесен во велешката Болница, но, поради сериозноста на повредите бил префрлен во скопскиот Ургентен. Полицијата го потврдила случајот, додавајќи дека полицаецот поседувал дозвола за пушката.

Се работи на целосно расветлување на случајот.

 

18.04.2014 - 13:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега