Скопската полиција ловеше лоши момци - двајца скопјани зад решетки

Уште еден насилник од Скопје заврши зад решетки. СВР Скопје го лиши од слобода 41-годишниот Селајдин Р. од Скопје кој се барал за издржување затворска казна во траење од две години, за сторени кривични дела “насилство” и “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.

Истиот е спроведен во Затвор-Идризово.

Исто така, СВР Скопје го лиши од слобода 52-годишниот скопјанец Јонче Ѓ. кој се барал за издржување затворска казна во траење од четири години и три месеци, за сторено кривично дело “ даночно затајување”.

И тој е спроведен во Затвор-Идризово.

19.04.2014 - 12:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега