„ДПА ќе биде дел до новата Влада - за Али нема место“

ДПА ќе биде дел од новата влада, тврди лидерот на партијата Мендух Тачи на средбите со партиските поддржувачи. 

„Прашуваат зошто се сретнав со Груевски? Се сретнав за да му кажам: ти си нивен газда и држи ги зауздани, бидејќи на 27-ми ќе се случи голема беља. Тоа беше причината за оваа средба. Повторно продолжуваат да прашуваат дали ќе бидеме во Владата? Од неделата почнаа да им даваат инфузии на нивните орди. Нема да бидете вие, некој друг ќе биде во владата – ДПА, која го има мандатот од народот, која ја ужива поддршката на народот. Јас го прашувам, во која партија ќе влезеш ти Али? Нема влада за тебе. Тој господинот, твој и шеф на твојата група, Груевски, откако ве направи ‘партал‘, ви рече, како што рече Беким, ‘сликајте се‘, нема влада за вас. Јас имам обврска да му речам нему и на Македонците дека државните пари не треба да одат само во цркви и крстови, туку треба да дојдат и во џамии, медреси и во нашата култура. Ние не сме биолошки битија. Не сме дрва за да живееме од вода. Ние имаме душа. Нашата душа ја исполнуваат верата, Господ и идеалот на нацијата“, рече Тачи.

19.04.2014 - 12:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега