Ставрески: Ќе се исплатат долговите на Повардарие кон лозарите

Обезбедени се средства за исплата на сите лозари од Тиквешијата кои имаа договор со винарската визба Повардарие за грозјето што е предадено претходно, најави денеска во Струмица вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

- Исплатата на средствата ќе почне во среда и ќе се одвива во среда, четврток и петок преку Стопанска банка Битола, изјави Ставрески.

Тој посочи дека сите лозари треба да отворат трансакциски сметки во банката и додаде дека банката работи и денеска.

- Лозарите ќе се информираат во банката кога точно ќе можат да ги подигнат средствата. Исплатата за првата група ќе почне во среда, а потоа ќе продолжи во четврток и петок. На тој начин ќе се реши прашањето  на исплата на долговите на Повардарие кон лозарите, нагласи Ставрески.

19.04.2014 - 13:39
Фото: 
А1.он

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега