Активист на ДПА претепан во Скопје

Партиски активист на ДПА настрадал во тепачка која се случила во Скопската Чаршија. Од неговата партија обвинуваат дека зад инцидентот стои ривалсата партија ДПА.
„Адријан Демири е нападнат од банди предводени од Омер Буњаку, кој е близок соработник на градоначалникот на Чаир Изет Меџити“, рече Беким Фазлиу на прес
конференција

„Колку поблиску е крајот на владеењето на ДУИ, толку повеќе го покажуваат своето вистинско лице. На сцена се бандите на ДУИ и криминалците финансирани од ДУИ. Демири е нападнат само затоа што е член на ДПА и тоа е нападнат од луѓе на Меџити. Ако ДУИ не сака братоубиство, ние ги прашуваме: кои се тие ваши луѓе? Зашто тоа не се Албанци“, изјави Фазлиу.

 

 

 

19.04.2014 - 22:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега