Се отвараат нови 1.000 работни места - гигантски компании доаѓаат во Охрид

Во Охрид доаѓаат гигантки компании. Германската  ОДВ електрик од областа на автомобилската индустрија ќе стартува со работа во средината на месец мај. Станува збор за инвестиција со која ќе има 100 вработувања, додека да се отпочне со изградбата на големиот  капацитет од 10 илјади метри квадратни кој во наредните 4 години ќе вработи 1.000 луѓе. А втората компанија ќе обезбеди 800 вработувања.

- Фабриката ќе ја градат на 10 илјади метри квадратни во слободната економска зона Охрид-Струга, која веќе почна да се гради. Ќе инвестираат 15 милиони евра. Беа на повеќе места одбраа дестинација, а тоа е регионот Охрид-Струга. Во текот на наредните неколку месеци ќе ги селектираат првите 100 вработени кои ќе одат на обука во Германија. До крајот на годината ќе го почнат производството и потоа планираат да вработат до 1.000 луѓе, изјави премиерот Груевски, додавајќи оти е добро испитана и понудата за потребниот кадар односно дали ќе имаат доволно кадар на располагање.

Лудвиг Батон, директор на ODW ELEKTRIK изјави дека произведуваат електрични инсталации за автомобили, како Порше, VW, Мерцедес, BМW и други, а нашите производи, подвлече, ги произведуваме за клиенти како што КСС, TRW, Бош итн.

- Во декември минатата година се одржа автомобиска конференција во Берлин на која што се сретнавме со Виктор Мизо и така започна иницијативата да ја посетиме Македонија. Потоа присуствуваме на македонското роуд шоу во Штудгард и потоа ја посетивме Македонија во неколку прилики, посетувавме градови, инвеститори. Имавме овде состанок посебно во нашето седиште во Германија и сега сме повторно тука во Македонија, изјави Батон.

 

20.04.2014 - 10:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега