„Ја ограбив продавницата за да не ме кара мама" - нема да верувате што направила девојка од Пробиштип

СВР-Скопје ќе  поднесе кривична пријава против 19-годишната О.П. од Пробиштип која лажно пријавила дека е ограбена.

Според податоците од полицијата, младата девојка од Пробиштип се јавила во полициска станица и пријавила дека на седми месецов две непознати лица  пред продавницата за авто делови “Оптикооп“ во Гази Баба, влегле и одзеле два златни прстени и околу 200 денари. Полициските службеници ги прегледале снимките од видео-камерите во продавницата и откриле дека девојката била сама и дека не влегле две лица да ја ограбат продавницата. По извршениот преглед и анализа на видео записот од безбедносните камери извршен е службен разговор во кој О.П. го  признала делото, при што појаснила дека лажно пријавила кражба со цел да не дознае  нејзината мајка дека парите кои претходно и биле дадени за да ги уплати  во авто школа за полагање на возачки испит ги потрошила за други потреби, а додека  златните прстени ги продала во златара во Скопската чаршија и парите ги уплатила во авто школата.

20.04.2014 - 12:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега