Го внеле во автомобил, го претепале и ограбиле - Французин ќе го памети доаѓањето во Скопје

Турист од Франција синоќа во пет часот по полноќ бил малтретиран од страна на четир засега непознати лица. Според податоците од полицијата, се работи за францускиот државјанин П.Б. кој престојува во хостел „Рекорд“-Скопје, а бил да се забавува во дискотеката „26“.

Откако излегол од дискотеката, тој бил пресретнат и нападнат од 4 непознати лица кои насилно го внеле во автомобил со сива боја, го претепале и му земале мобилен телефон „Ајфон 4“, часовник и јакна во која имало паричник со 2.000 денари, 15 евра, платежни картици и француска лична карта, а потоа го оставиле на непозната локација на подрачје на Ѓорче Петров.

20.04.2014 - 13:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега