Му ја украл нафтата па го прегазил - Алфите приведоа крадец од Скопје

Скопјанец си заработи кривична бидејќи крадел нафта. Се работи за 46-годишниот А.Ф. од Скопје кој на 15 овој месец на подрачје на Центар  во попладневните часови дошол  со своето возило и од истото извадил една пластична туба и погоден алат со кои од камион-Волво одзел околу 40 литри нафта.

Во моментот кога ја ставал  пластична туба со украдената нафта во неговото  возило, бил забележан од страна на оштетениот, при што А.Ф. го стартувал возилото и со голема брзина се упатил кон излезот на плацот. Оштетениот застанал пред него, се обидел да го сопре за да си ја поврати одземената нафта, меѓутоа пријавениот ја зголемил брзината и директно се упатил кон оштетениот, кој што инстиктивно скокнал преку хаубата и попатно бил закачен на левата потколеница. Пријавениот при тоа удрил во друго возило кое било паркирано и со голема брзина заминал во правец на бензинската пумпа а оттаму во непознат правец.

Алфит неколку часа подоцна го привеле скопјанецот. Тој и бил од претходно познат на полицијата како сторител на кривични дела.

20.04.2014 - 13:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега