Љубчо Георгиевски најави војна во Македонија

Лидерот на ВМРО-Народна Љубчо Георгиевски најавувавојна во Македонија доколку ВМРО-ДПМНЕ не направи влада со ДУИ. Во обид да создаде паника кај граѓаните кои се решиле својот глас да го дадат за ВМРО-ДПМНЕ поранешниот премиер, кој на овие избори е носител во третата изборна единица и според сите анкети нема поголеми шанси да добие пратенички мандат, вели дека за ВМРО-ДПМНЕ нема избор и дека коалициајта со ДУИ е неизбежна.

„Денеска, после 20 години, некој во Македонија да ви раскажува дека ќе прави влада без Албанци е приказна на која навистина само малоумен може да поверува. Ако некој се реши да го прави тоа, јас ви гарантирам дека за една недела ќе има нова војна во Македонија. Па, доколку Македонците се спремни повторно да војуваат, ако се спремни да ги исполнуваат хировите на ова ВМРО-ДПМНЕ и на оваа власт, тогаш нека гласаат за ваквата политика“ – изјави Георгиевски во интервју за една локална телевизија.

Интересно, но Георгиевски воопшто не ја спомна можноста ВМРО-ДПМНЕ да направи коалиција со ДПА, опција која останува во игра по парламнтарните избори.

20.04.2014 - 22:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега