Полицијата ловеше лоши момци - фатени петмина дилери од Гостивар

Министерството за внатрешни работи реализираше два нови случаи во рамки на Оперативната обработка „Мрежа“, со која има пет лица помалку на улиците низ градовите, за кои постојат сомневања дека се занимаваат со нелегална продажба на наркотици. Во двата случаи кои беа реализирани на скопските и гостиварските улици, беа запленети амфетамини, марихуана, оружје и ваги за мерење на дрогата.

Во првиот реализиран сличај, најпрвин при извршен преглед врз 33 годишно лице од Гостивар, беше пронајдена една хартиена паковка со помала количина на марихуана. Потоа врз основа на обезбедени дополнителни сознанија за соработка на лицето со други дилери, со наредба на надлежен Јавен обвинител извршени се пет претреси кај седум лица на подрачјето на Скопје и Гостивар.Од извршените претреси, кај 22 годишно лице од Скопје, пронајдени и одземени се две полиетиленски кеси со марихуана со количина од околу еден килограм, две дигитални ваги најверојатно користени за мерење на наркотична дрога и други предмети кои можат да бидат поврзани со НТ со дрога, додека кај друго 20 годишно лице од Гостивар, пронајдена и одземена е една најлонска кеса со 59 таблети, најверојатно екстази, во форма на квадрат со розева боја на кои на предната страна има лого BD, а на задната страна 10, како и 28.700 денари.

Одземената растителна материја и таблетите беа предадени во Одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења  при МВР на РМ  заради понатамошно вештачење.Од страна на Министерството за внатрешни работи, по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава поради основано сомнение дека лицата сториле кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.

Во вториот случај, СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога, со кривична пријава до надлежното ОЈО Скопје предаде две лица од Скопје на возраст од 31 година, поради основано сомневање дека исто така сториле кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”, а за едно од нив е поднесена и пријава за кривично дело „Недозволено држење на оружје и распрскувачки материи“. За сторените кривични дела од страна на Судија во претходна постапка на пријавените им е одредена мерка притвор во траење од 30 денови.

Единицата за недозволена трговија со дрога, дојде до сознанија дека првоосомничениот со прекар „Дац“подолго време престојува во  домот на второосомничениот во населба Влае, каде набавената дрога ја препакуваат и ја продаваат на зависници.Постапувајќи по добиените сознанија и ОА „Мрежа“, со наредба од Судија на претходна постапка, од страна на полициски службеници од Единицата, извршен е претрес во домот на второосомничениот и кај учте едно лице. При  извршениот претрес, пронајдени се 43 грама анфетамин, спакувани во 58 паковки, 350 грама марихуана, еден пиштол „Екол“ кал. 6,35, еден пиштол „Црвена застава“ калибар 9 мм и една дигитална вага. Првоосомничениот, при претресот кај другото лице е затекнат во уживање на наркотици, а пронајдени се и една паковка анфетамин и една паковка марихуана, за што ќе биде поднесена кривична пријава за „Овозможување употреба на наркотични дроги“.

Инаку, двете лица кај кои беа вршени претреси се регистрирани како извршител на кривични дела недозволена трговија со наркотични дроги, за што на двајцата во периодот 2008/2012 од надлежен Суд им има изречено две казни затвор. Истото се однесува и на првоосомничениот, кој во 2002 година е кривично пријавен за недозволена трговија со марихуана.

Во врска со двата случаи од страна на Секторот за недозволена трговија со дрога ќе бидат преземени дополнителни мерки и активности заради утврдување на кривична одговорност и на други инволвирани лица.

До сега во текот на акцијата “Мрежа” на цела територија на Р. Македонија приведени се над 50 лица кај кои се пронајдени разновидни видови на наркотична дрога. МВР за дел од лицата веќе поднесе кривични пријави за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекусори“. Освен приведените лица, во досегашниот тек на акцијата запленети се околу 450 килограми разни видови наркотици, вредни повеќе милиони евра.

21.04.2014 - 12:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега