Во понеделник петто извлекување од Фискална во рака - награда без мака

Петтото извлекување од наградната игра „Фискална во рака - награда без мака“ е се одржи на 28-ми април.

Сите заинтересирани учесници адресираните коверти со фискални сметки и лини податоци може да ги испратат по Пошта или да ги остават на специјално одредените пунктови на Државна лотарија на Македонијакоја е организатор на наградната игра. Еден од пунктовите е во зградата на МРТ, потоа на улица Македонија пред продажното место Толлакс и МПМ Пресс кон Плоштадот Македонија.

Во Куманово денеска ќе има специјален пункт пред продажнот место Кеопс во Велес пред Лото 77,  утре во Штип пред продажно место Тутун Пром,  во Кочани, пред продажно место Анафил и во Струмица пред продажно место Ваткос.

Во ова 5. коло на наградната игра ќе се извлекува еден автомобил, 30 вредносни ваучери од 3.000 до 60.000 денари и 120 вредносни ваучери за прехранбени продукти во вредност од по 1.000 денари.

Извлекувањето ќе се реализира во живо на 28 април на Македонска Радио Телевизија, од 20:00 часот.

Во извлекувањето ќе учествуваат сите коверти испратени за 5. коло со сметки кои се валидни од најран датум 15 ноември  2013 година. Неизвлечените коверти од ова коло како и од второто, третото, а понатаму и од петтото и шестото, се чуваат од страна на Државна лотарија на Македонија како организатор на наградната игра и ќе учествуваат во 7. коло за извлекување на стан и деловен простор.

За потсетување и правилата на играта. За учество треба да се испратат 20 фискални сметки, во стандарден бел коверт во кој покрај фискалните сметки треба да има посебен лист на кој ќе бидат наведени податоците на испраќачот име, презиме, адреса и контакт телефон.

22.04.2014 - 09:15
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа