Од ноќеска ќе возиме поскап бензин

Бензините поскапуваат за 1,5, дизелот за еден денар.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 денари за литар објави Регулаторната комисија за енергетика.  Со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 79,50 дензари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се точи за  81 денар за литар. Малопродажните  цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1 и со тоа цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V)  изнесува 67,00 денари за еден литар, додека малопродажната цена на Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 55,50 ден/лит

 

Со оваа Одлука се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените  деривати во просек за 1,59 %, односно за 1,18 % во однос на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија од 7.04.2014 година.  Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 107,719 $/барел и е за 1,68 % повисока од просечната цена на сурова нафта (105,940 $/барел) по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати

22.04.2014 - 12:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега