Жестока тепачка меѓу навивачите на МЗТ и Лирија пред и за време на мечот

Дербито од петтото коло во кошаркарската Суперлига меѓу МЗТ Скопје и Лирија ќе остане запаметено по жестоката тепачка меѓу двете навивачки групи, која се случи на патот кон салата “Борис Трајковски“ каде што во моментиве се игра мечот, пренесува спортмедиа.мк. 

Како што пренесува порталот од полициски сведоштва, група навивачи на тимот од Чаир, нападнале помал дел од фановите на аеродромскиот клуб, по што морале да интервенираат специјалните сили со цел да не дојде до пострашен инцидент. Тепачката се случила и пред самиот спортски објект во Скопје, пред самиот почеток на натпреварот, кога дошла до блиска средба помеѓу двете навивачки групи. 

По две минути од почетокот на мечот, во Борис Трајковски, дојде до директен судир меѓу навивачите на двата тима, по што полицијата била принудена и по трет пат да интервенира, и да ги одвои двете групи и да ги приведе највоинствените. 

Мечот беше прекинат во следните 20 минути, а од судиите беше најавена опомена дека во наредниот инцидент мечот ќе бидат принудени да го прекинат. 

ФОТО: sportmedia.mk

22.04.2014 - 18:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа