Акција на УЈП: Затворени обложувалници во Ростуше и Велебрдо

Управата за јавни приходи (УЈП) доцна вечерва затвори диви обложувалници во селата Ростуше и Велебрдо.

- Од објектите кои работеле нелиценцирано, даночните инспектори ја запленија целокупната техничка опрема (телевизори, компјутери и печатари) и затекнатиот промет во готово стекнат од нелегалното приредување на игри на среќа, соопшти УЈП.

Покрај заплена на опремата и запечатување на објектите, за лицата-приредувачи изречена е глоба од 2.000 евра, а ќе следат и кривични пријави.

Според УЈП, карактеристично за нелегалното вршење на дејност е што најчесто тоа се врши во неозначени локали, сместени во објекти за семејно домување, каде работат не пријавени лица.

Секој случај на нелегално приредување на игри на среќа, нерегистрирано вршење на денјост и други неправилности, граѓаните можат да го пријават во УЈП на бесплатната телефонска линија 198

23.04.2014 - 00:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега