„ Не му запалил свеќа па го зеде кај себе“ - пред трагедијата го сонувал својот починат татко како го повикува

Во страотна сообраќајна несреќа во Табановце кај Шабац вчера околу 13. 40 часот загинаа четири личности а меѓу  нив била и една трудница. Уште две лица се повредени, и пренесени на Ургентниот центар во Белград а докторите нивната состојба се уште ја оценуваат како критична.

До несреќата дошло кога возачот на Ауди Q7, со италијански регистерски таблички Саша Ј. (29), изгубил контрола над воланот и слетал од коловозот, се превртел а потоа удрил во ограда.

29-годишниот Саша Јовановиќ пред трагедијата  го сонувал неговиот татко Славко, кој му рекол дека наскоро ќе се видат. Како што пренесува сроски курир, неговиот татко исто така загинал во сообраќајна несреќа, а пред големата трагедија Саша за својот сон им раскажал на неговиот кум 20-годишниот Миле и неговиот брат Даниел, кога во кобниот ден отишол по нив за да ги превезе во болницата во Шабац, каде претходно се породила сопругата на Миле, пренесува српски Курир.

- Во сонот почнав да му се извинувам на татко ми затоа што долго време немав запалено свеќа на неговото вечно почивалиште, а тој ми рече „Ништо и така ќе се видиме за два-три дена. Ќе дојдеш кај мене“, раскажал Саша пред кобната несреќа

 

23.04.2014 - 11:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега