"Оди си или ќе пукам" - драма на езерото Мантово

43-годишниот С.Н. од Долни Липовиќ, радовишко, си заработи кривична за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, „предизвикување општа опасност“ и „незаконит риболов“. На 03.04.2014 година, на езерото Мантово – Радовишко пријавениот му се заканил на лице од Виница да го напушти местото при што му вперил огнено оружје-револвер испукувајчи еден куршум во воздух. Покрај ова, пријавениот на езерото со мрежа незаконски ловел риба.

При претрес во домот на таткото на пријавениот при што се пронајдени и одземени револвер, ловен карабин, воздушна пушка без документи, потоа полуавтоматска ловна пушка, сопственост на лице од с.Долни Липовиќ и три ловни пушки, сопственост на фамилија на пријавениот, како и пет куршуми и девет чаури. Од страна на судија на пријавениот му е одредена заштитна мерка „одземање на патна исправа“.

23.04.2014 - 12:08
Фото: 
Евести

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа