Студент сакал да добие диплома со лажно уверение

Вработен во Државниот тетовски универзитет пријавил дека 24-годишниот студент И.А. од Копаница, доставил уверение за добивање диплома на Филолошкиот факултет со сомнителна веродостојност.

Откако провериле во факултетската евиденција, службите на Универизитетот утврдиле дека уверението не било заведено под тој број и дека најверојатно станува збор за фалсификуван документ, па веднаш го пријавиле случајот.  Во полициската станица Тетово приведен е И.А. и уште четири други лица поради сомнение дека се инволвирани во случајот, додека уверението е одземено и ќе се вештачи.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

23.04.2014 - 12:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега