Бебенце и тридогишно дете паднаа во река - спасувачките екипи трагаат по нив

Ужасен настан го потресе Блканот. Во Алексинац во река паднаа седуммесечно бебенце и 3-годишно детенце. Оваа информација во полиција и кај спасувачките екипи била пријавена во 10 часот и 45 минути, а екипите веднаш излегле на местото на настанот.

КАко што пренесува српскиот Курир, на терен се 8 членови и 4 возила, тим за спасување и пожарникари кои трагаат по малите дечиња. 

Инаку, поради поплавите вонредна ситуација беше прогласена пред два дена.

Според неофицијални информации, мајката со децата шетала, кога едното дете се лизнало и паднало во вода. Таа се обидела да го фати, па и таа со бебето се лизнала и паднала.

23.04.2014 - 13:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега