ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ќе провоцира инциденти за изборите - поразот нема да го признаат

Сакаме да ја информираме јавноста дека СДСМ многу сериозно спремаат сценарио за непризнавање на изборните резултати од парламентарните и претседателски избори во недела. Ним им е јасно дека огромното мнозинство од граѓаните не ги поддржуваат. Но Зоран Заев и СДСМ не сакаат да го прифатат тоа. Впрочем, СДСМ се жали дека во првиот круг на изборите имало неправилности, но не поднесе ниту еден приговор до Државната изборна комисија или до било која државна институција, со што ја покажа својата лажлива приказна.

СДСМ има дадено јасна насока и налог до нивните активисти и членови да провоцираат проблеми и да создаваат конфликтни ситуации во деновите кои следат со цел да изградат алиби за својата погубна политика и за својот изборен пораз

Ова говори за незрелоста и неможноста на СДСМ и на нивниот лидер Зоран Заев да се справат со политичкиот пораз. Зоран Заев нема капацитет да се носи со својата одговорност. Зоран Заев нема капацитет да биде одговорен претседател на голема политичка партија.

СДСМ има намера да ја втурне Република Македонија во многу голема политичка криза. Ние ги предупредуваме да не си подигруваат со иднината на државата. Граѓаните на Македонија нема да им го дозволат тоа. 

Од овде, денес, ги повикуваме сите граѓани да излезат масовно на изборите во недела, на мирен и демократски начин, како што доликува на Македонија, и да не дозволат незрели и несериозни политичари да ја внесат државата во тешка политичка криза. Ги замолуваме граѓаните да ги игнорираат сите возможни провокации кои би доаѓале од СДСМ.

 

Оваа погубна политика на СДСМ мора да биде казнета.

(Интегрлаен текст од прес конференција на Илија Димовски, Директор на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ)

23.04.2014 - 13:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега