Николиќ: Уставот и преамбулата за Косово се свето писмо и така ќе биде додека траат

Како што пренесува Бета претседателот на србија Томислав Николиќ изјавил дека српскиот Устав е  преамбулата за Косово се свето писмо и дека додека траат, тој никогаш нема да ги погази.

„Тоа за нас е свето писмо, додека трае, а потоа ќе дојде некое ново свето писмо, некој нов Устав, кој ќе важи. Мене преамбулата целосно ме врзува, и не само преамбулата, туку уште и два члена од Уставот. Немојте да очекувате од мене да го погазам Уставот, особено делот за Косово", изјавил Николиќ, додавајќи дека тој положил заклетва на српскиот Устав и дека ќе го штити сè додека е на претседателската функција.

Претседателот истакнал дека  сè додека српските граѓани не донесат нов Устав според условите на веќе постоечкиот, тој документ за него ќе биде свето писмо.

 

23.04.2014 - 13:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега