Го убил соседот со секира за велигденски јајца

Никола Јосиќ си го усмртил со секира својот сосед, 81-годишниот Ахмет Хасановиќ, од Босна.

Како што пренесува српскиот Ало, Хасановиќ бил во кафеана со своите пријатели, а набрзо стигнал и убиецот, кој инаку е Србин. Тој понел велигденски јајца со желба да си ги почасти пријателите. Кога дошол до Хасановиќ, тој започнал да го навредува по национална основа, па Србинот толку се разгневил што откако си заминал дома, земал секира, отишол кај соседот, и го убил.

Соседите велат дека Никола знаел да се напие некоја чашка повеќе, но до сега не правел никакви проблеми. Неодамна останал сам, откако му починала сопругата, а децата му се во странство.

23.04.2014 - 14:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега