ФОТО: Еве кој го откри основачот на педофилската група на Фејсбук

Хакер од Босна успеа да го разоткрие основачот на срамната група на социјалната мрежа Фејсбук "Најголеми дрољи од средните и основни училишта". Тој во хакерските кругови е познат како SwaBo1337, а е основач на групата United Bosnian Hackers.

- Ми се пожалија четири другарки. Ми падна жал. Сепак ми се другарки и ги сакам. Доволно беше и една да се пожали, не па четири. Веднаш го открив, вели момчето.

Кога го прашал 17-годишниот Ренати, основач на педофилската група зошто ги става фотографиите, тој му одговорил дека не ги ни знае девојчињата, го става тоа што му го праќаат. 

Хакерот вели дека момчето само сакало да привлече внимание и најверојатно и тоа е единствената причина поради која ја направил групата околу која се крена голема прашина.

23.04.2014 - 14:15
Фото: 
јутарни

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа