Трагедија: Бебе и 3 годишно дете се удавија во река

Тригодишната Маша Милинковиќ и нејзиниот 11 месечен брат Мартин се удавиле утринава во реката Турија во близина на српското дело Банковац. Како што јавува српски Телеграф нивната мајка Билјана тврди дека не можела да им помогне на децата и дека и таа за малку ќе се удавела.

„Ги изнесов децата до реката околу 10 часот бидејќи Маша сакаше да си игра на брегот. Фрли едно камче, но се сопна и падна во водата. Ја фатив и ја извлегов, но од рацете ми испадна и Мартин. Водата толку брзо ги повлече што не можев ништо да направам. Маша веднаш потона, а мартин го гледав како водата го носи, вели на српски Телеграф мајката на децата.

Седот кој се нашол на местото вели дека децата воопшто не ги видел.

-Слушнав повици за помош, па се стрчав до реката претпоставуваји дека некој се дави. Ја видов Билјана како се обидува да стане од водата. Влегов во реката која та тоа место е длабока околу еден метар и ја извадив на суви, но децата не ги видов, посочува тој.

Слушнав повици за помош, па се стрчав до реката претпоставуваји дека некој се дави. Ја видов Билјана како се обидува да стане од водата. Влегов во реката која та тоа место е длабока околу еден метар и ја извадив на суви, но децата не ги видов, посочува тој.

23.04.2014 - 20:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега