Еве кои биле последните зборови на децата кои се удавија во реката

Маша Миленковиќ (3) и нејзиниот брат Мартин единаесетмесечниот брат се водат за исчезнати во надојдената река, покрај Турија, кога вчера околу 10:40 со нивната мајка, Билјана Миленковиќ (27) паднаа во водата во селото во близина на Алексинац.

 

 Мајката успеал да ја спаси еден од локалните жители, додека спасувачките екипи вчера постојано бараа во реката, но децата не беа пронајдени - ниту живи ниту мртви.

„Пробав да ја извлечам Маша, но ме повлече и паднав во реката со бебето. Видов како водата го носи Мартин вели мајката.

Маша сакаше да фрла каменчиња во реката па ја одведов до реката. Кога фрли камче се лизна и падна во водата. Пробав да ја извлечам , ја фатив за плешките, но ме повлече и паднав во реката со бебето. Видов како водата го носи Мартин. Маша само извика мамо, пред да изчезне меѓу брановите, вели мајката Билјана. Иако никој не ја обвини за ништо, таа во шок се бранеше дека не е виновна за исчезнувањето на децата.

- Не ги удавив, која мајка би направила такво нешто на своите деца. Да сакав да ги удавам можев порано да го сторам тоа немаше да чекам три години додава Билјана.

Горан Миленковиќ, таткото на децата сакал да се убие кога дознал за несреќата.  

 

- Ме повикаа да се вратам итно од работа, не ми кажаа што се случило. Видов пожарникари, знаев дека нешто се случило. Кога слушнав дека водата ги однела децата сакав да рипнам во реката и самиот да се удавам. Да бев тука јас ќе скокнев во рекатаможеби ќе успеев да ги спасам. И реков на сопругата да не го носи децата на тоа место, планиравме да го славиме првиот роденден на Мартин а третиот роденден на Маша, што ќе правам сега изгубив се што имав вели таткото низ солзи.

24.04.2014 - 09:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега