Србија денеска ќе се прости од убиениот ученик - еве ги деталите за убиството

Србија денеска ќе се прости од 16-годишниот Марко кој во понеделникот за време на големиот празник Велигден, беше усмртен во училишниот двор во местото Калуѓерица. Според најновите податоци на српските медиуми, Марко бил погоден од зад грб, а најверојатно несакајки го убил неговиот брат.

Како што дознава српскиот Курир, сведок на настанот, 19-годишниот Страхиња Б. во полиција раскажал дека последен пат пиштолот го видел во рацете на братот на убиеното момче кое е приведено. 

- Слушнав пукање, ама ништо не видов. Последен пат пиштолот беше во рацете на Милош, братот на Марко, вели момчето.

Инаку, во моментот кога малолетникот бил во училишниот двор, одејќи кон дома, куршумот го погодил од зад грб, поминал низ градите и стигнал до брадата. Момчето починало на местото на настанот.

Оваа голема трагедија ја зави Србија во црно. Денеска семејството, соучениците, пријателите на МАрко ќе го испратат во вечното живеалиште.

Нека почива во мир!

24.04.2014 - 09:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега